Skip to main content

Оперските пејачи Барбара Фритоли и Лео Нучи ќе го отворат 54 -то издание на Охридско лето

Оперските пејачи Барбара  Фритоли и Лео Нучи ќе го отворат 54 -то издание на Охридско лето.

 |  Валентина Неловска  | 
oh leto
oh leto

Сопранот Барбара  Фритоли и баритонот Лео Нучи, оперски пејачи звезди од Италија ќе го отворат 54-тото издание на Фестивалот Охридско лето. Нивниот настап ќе биде придружуван од Македонската филхармонија под диригентската палка на аргентинецот Луис Горелич. Селекторите Гордана Јосифоска Неделковска и Ѓорѓи Јолевски, ветуваат програма која ќе  изобилува со изведби од врвни музички имиња и многу шекспировски комедии.  Во музичкиот дел на програмата на фестивалот ќе настапат  хрватскиот кросовер пијанист Максим Мрвица,  пијанистото Аркади Володос , полскиот гудачки квартет Моцарт Груп  и израелците Де Вока Пипл, како и виолинистите Кирил Трусов и Нинг Фенг. Затварањето на фестивалот на 19 август ќе биде со синфонискиот оркестар Жен Шен од Кина, а ќе изведат и македонско дело од Томислав Зографски.
ох лето

„ Барбар Фритоли , како што ја нарекуваат критичарите има ангелски глас. Пеела на сите големи светски оперски сцени под дирегентските  палки на семиненетни диригентски имиња како што се Мехта или Мути. Импозантен податок се повврзува со името на Лео Нучи кој  остварил 500 појавувања во улогата на Риголето од Џузепе Верди. Докажано е дека Нучи е најдобриот толкувач на улогите на Џузепе Верди“, кажа Јосифоска Неделковска.

Бројни комедии и ведро охридско лето најавува и театарскиот селекор Ѓорѓи Јолевски . Гостувања на домашни  и на странски  театри како што с е Звездара од Белград, Русија и Полска. Играат  Битолскиот театар  со Шекспировата комедија  „ Многу врева за ништо“ во режија на Дејан Пројкоски, МНТ со „ Аферата  Елсинор“ во режија на Љубиша Георгиевски, Драмски театар со „Ждрело“ во режија на Зоја Бузалкова, полскиот театар со Шекспировата комедија „ Како што милувате“. Затварањето на фестивалот ќе биде со гостувањето на  Звездара театарот од Белград.
ох лето
„Претставата се вика Роденденот на г-дин Нушиќ“. Текстото е на академик Душан Ковачевиќ, во реѓиј ана режисерот Небојша Брадиќ, главна улог на српската звезда Бранислав Лекиќ .Ова тројка предводи престава на тема Бранислав Нушиќ кој би еден од директорите на МНТ, српски конзул во Битола, многу врзан за нашата земја. Еден од најигарните автрои во регионот.“


Директорката на Фестивалот Охридксо лето, Елизабета Јанкуловска напомена дека за 54-тото издание на фестивалот ќе се обезбедат услови за непречено одвивање на сите претстави  без разлика на временските  услови. Сцените на Античкиот театар и Долни Сарај ќе бидат покриени со монтажен покрив. За гледачите ќе бидат обезбедени покрај перничиња за седење  и кабаници за заштита од дожд. Исто така ќе бидат обезбедени и пристапни рампи за лицата со инвалидитет, напомена директорката на фестивалот Елизабета Јанкуловска.

{loadposition content9}