Skip to main content

Осветена портата на влезот од манастирот „Свети Наум“

Митрополитот Дебарско-кичевски, господин Тимотеј рече дека манастирот „Свети Наум“ одамна го заслужил новиот лик. Според градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, ова е причина плус за туристите да дојдат во нашиот град.

 |  Мишел Наумоски  | 
porta sv.Naum
порта св.Наум

Митрополитот Дебарско-кичевски, господин Тимотеј ја освети новоизградената порта на влезот од манастирот „Свети Наум“. Бројни верници, црковни претставници, претставници од локалната самоуправа од Охрид како и туристи денес имаа можност да ја чујат светата литургија со која манастирската порта го доби светиот благослов.

nov izgled sv.Naum„Свети Наум го заслужувал одамна овој лик да го има и се надевам дека уште повеќе со време ќе се разубавува ликот и убавината на Свети Наум Охридски. Се разбира дека имаше разни коментари и добронамерни и злонамерни, повеќе отколку добронамерни, но секој еден кој што е ослободен од некои субјективности мислам дека треба да ја поздрави оваа иницијатива на манастирската управа, се разбира и на локалната самоуправа која ни излезе во пресрет да не потолерираат малку додека ја подготвиме таа документација која е во тек на изработка и мислам дека станува збор за некој ден кога тоа треба да се финишира.“-рече митрополитот Дебарско-кичевски, господин Тимотеј.

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески кој присуствуваше на осветувањето на манастирската порта, рече дека новиот лик на манастирскиот комплекс причинува општо задоволство кај сите граѓани. Бакрачески додаде дека во завршна фаза е и изготвувањето на потребната урбанистичко-планска документација.

park sv. Naum„Денес конечно на задоволство на граѓаните не само на Охрид туку и на цела Македонија присуствувавме на чинот на осветување и конечно пуштање во употреба на оваа Светинаумска крепост што ќе претставува еден значаен поттик и за развој на туризмот во Охрид, конечно на Охрид и на овој регион му требаше и една ваква уредена површина околу манастирот Свети Наум со кој што доби еден сосема нов, уреден, современ лик кој им се допаѓа на сите во Република Македонија.“-вели Никола Бакрачески-градоначалник на Охрид

Целиот манастирски комплекс во Свети Наум доби нов изглед. После самиот влез во комплексот се поставени унифицирани куќарки за продажба на сувенири, после долг период конечно се изградени и јавни тоалети, нешто за што туристите често приговараа, а целиот простор е хортикултурно уреден, поставени се нови клупи за седење.

Инаку митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј воедно потенцираше дека старата и грда панаѓурска слика во манастирскиот комплекс со распослани тезги веќе нема да се толерира.

{loadposition content9}