Дел од оградата на мостот на уметноста се срушила, но за среќа, не во реката Сена по која пловат туристички бродови кои го разгледуваат Париз. Никој не е повреден во инцидентот.
Имено, дел од оградата на парискиот мост се срушила од тежината на катинарите кои туристите ги ставаат како симбол на љубовта. Тој е евакуиран од безбедносни причини, соопштиле градските власти.
Инцидентот ја оживеа полемиката за мостот на уметноста на кој туристите редовно ставаат катинари во име на љубовта. Градските власти и порано најавиле дека катинарите ќе бидат отстранети, а и дел од самите туристи не биле благонаклонети спрема катинарите. Неименувани туристи неодамна ставиле петиција осудувајќи ја таквата пракса.
Мостот на 10 јуни би требало повторно да се отвори за посетителите. Дали оградата ќе издржи уште еден налет на љубовта ќе покаже времето.
{loadposition content9}