Skip to main content

Среќа во несреќа за селекцијата на Холандија

Поминале со лесни повреди

 |  инфодеск  | 

Во претходните денови видовме дека можат да се состават два солидни тима со повредени играчи кои нема да учествуваат на Светското првенство, но за среќа на Холандската репрезентација Робин ван Перси сепак не е на тој список, и покрај инцидентот кој го имал. Тој на неверојатен начин се здобил со лесни повреди и гребаници откако го удрил човек со моторен змеј.

Ван Перси и неговиот колега од одбраната Дерил Јанмат поминале со лесни повреди и главоболки откако ги удрил еден заљубеник во екстремни спортови со својот змеј на плажата Ипанема.

Случајната посета на плажата за малку ќе била фатална за Лалиљата, но од нивниот табор наведуваат дека се е во ред и под контрола.

Избраниците на Луи ван Гал во понеделник ќе имаат затворен тренинг на стадионот на Фламенго.

{loadposition content9}