Бројот на жени кои ги изневеруваат мажите или партнерите пораснал за повеќе од 40% во последните 20 години, покажало истражувањето на американските експерти.
Истражувањето дошло до податок дека една од шест жени го изневерува партнерот, додека претходно тој однос бил една на десет.
Со тоа се приближиле со процентот до мажите кои ги изневеруваат партнерките, а кој останал ист, односно секој шести маж е неверен, пишува порталот Магазин.
Студијата покажува дека мажите и понатаму почесто изневеруваат, но таа разлика сега е многу мала.
Социологот Пепер Шварц од универзитетот во Вашингтон појаснува дека причините за растот на процентот на жените кои изневеруваат треба да се бараат во финансиската независност од мажите и социјалните медиуми, кои на жените им даваат повеќе слобода кога се работи за пристап кон мажите.
Адвокатите приметиле разлика кога се во прашање причините за разводи и укажуваат дека во последните 10 години дошло до зголемување на бракоразводни парници каде причината е женското неверство.
{loadposition content9}