Skip to main content

За санација на охридскиот чинар надлежна општината

 За санација на охридскиот чинар  надлежна  општината.

 |  Валентина Неловска  | 
cinar
cinar

Санацијата на охридскиот чинар  е во надлежност на општината, за ТВМ децидно кажа Игор Трајковски, директор на Управата за животна средина  при Министерство  за животна средина и просторно планирање. Во јануари 2013 Министерството и државниот инспекторат за животна средина, тврди Трајковски, доставиле насоки до општинските  стручни служби за  понатамошни чекори за санација и конзервација на чинарот.
cinar
„ Ние само може во соработка со инспекторатот да им дадеме насоки што треба да преземат околу рестарвацијата. Заштитата е нивна обврска,  на самата општина“, изјави за ТВМ, Игор Трајковски.

Пред неколку дена од Локалната самоуправа пак тврдеа дека долго чекаат инструкции од ресорното министерство што да преземат за заштита на најстарото дрво во градот кое е се води како споменик на приридата. Од оваа ситуација произлегува дека  институциите си ги префрлаат одговорностите и додека  се договорат  што понатака ќе се случува со чинарот, тоа и понатака  е срам за нашата негрижа кон природните реткости.   

{loadposition content9}