Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, добил подарок за својот 70 роденден од боливијскиот претседател Ево Моралес, колач направен од лисја на кока.
Бан Ки-мун се наоѓа во посета на Боливија во градот Санта Круз на состанок на групата G77, на кој се разговара за мерките за сузбивање на сиромаштијата, пренесува Reuters.
Коката се користи за производство на кокаин, а домаќинот Моралес, е поранешен производител на кока кој долго ја бранел легалната употреба на ова растение како “древен ритуал” во правење чај, слатки и лекови.
Народот во регионот на Андите, имено, традиционално џвакаат лисја на кока како извор на енергија.
“Боливијскиот народ никогаш нема да ја заборави вашата посета”,му рекол Моралес на Бан, пред стотина луѓе собрани на предавањето на колачот.
Бан срдечно се заблагодарил, но се воздржал јавно да проба од колачот направен од кока или да го одобри ставот на Моралес за уживање во ова растение, пренесува Reuters.
{loadposition content9}