Skip to main content

Спасителите на вода подготвени, но не и концесионерите на плажи

Спасителите на вода подготвени, но не и сите концесионери на плажи.

 |  Валентина Неловска  | 
spasuvaci
spasuvaci

Спасувачите на вода технички и психофизички подготвени за делување во новата капачка сезона. Но, тоа не важи за сите концесионери на плажите на охридско – струшкиот брег.  Дел од нив и годинава  замижуваат пред законските одредби да обезбедат сигурни капалишта. Две недели пред официјалниот старт на туристичката сезона  немаат преземено подготовки за обележување на плажите, вели Сашо Точков  од општинскиот Црвен крст. Напоменува дека на плажите немаат  поставено  набљудувачници, пунктови за укажување на прва помош и делови за интервенција  на спасувачите на вода.
plaza
„ Дел од концесионерите на капалиштата  имаат потпишано  договори и започнуваат со обезбедување на сите услови за уредувања на капалиштата во делот на безбедност. Но, поголемиот дел од нив сеуште не реагирале на нашите апели час поскоро тоа да го направат. Од 1  јули ако се смета за почеток на летната туристичка сезона да бидеме подготвени да го прифатиме налетот на туристите и капачите на Охридското езеро“, наведува Точков.

Црвен крст е единствената организација која според законот  е овластена за обучување на  спасители вода. Апелираат концеисонерите на плажите да ги почитуваат законските прописи и да обезбедат услови за сигурни   капалишта. Има голем број на интервенции каде што спасителите на вода брзо интервенирале  и спречиле  фатални последици за капачите.
spasiteli
„Од 2005 година кога интензивно се покриваат капалиштата до 2011 имавме бројни интрвенции и давеници кои не ги почитуваа прописите. Во последните 3 години нема давеници иако има голем број на интервенции, околу 25 кои за среќа не завршиле фатално на охридско- струшкиот брег. Се надеваме дека  и оваа година нема да има давења со фатални последици“, укажува Точков.

Точков напоменува дека поголеми проблеми има со капалиштата на струшкиот брег. Со поголема координација на нивните екипи со езерската полиција и капетанија ќе се обидат да ги спречат нарушувањата на безбедноста на капачите со пловни објекти. Спасувачите на вода овој месец  интензивно се  подготвуваат и соработуваат со инструктори од Германија и Англија. Совладуваат нови техники за спасување од чамец. Покрај трите чамци за спасуавње ќе добијат уште еден како  донација од Флоријан, Манчестер. Еден од чамците општинскиот Црвен крст ќе пренасочи во Струга. Инаку, во моментов имаат околу 250 обучени спасители на вода, а 40 нови се во фаза на  подготовки.  

{loadposition content9}