Кога на 13 години имал илјада долари, тој не ги потрошил, туку ги вложил и заработил 100 илјади долари, а со 15 години ја отворил фирмата која има повеќе од 20 вработени.
Eric Finman на 13 години добил од баба му илјада долари – иако многу негови врсници би ги потрошиле за нов компјутер, iPhone, Плеј стејшн и слично, Eric воопшто не размислувал за тоа туку својот капитал го вложил во онлајн валутата bitcoin и таа своја инвестиција ја продал една година подоцна, а 1000 долари ги претворил во 100.000.
Ова дете не се задоволило ниту со таа сума, па решил и тоа да го вложи па со своите 15 години ја отворил стартап компанијата и онлајн едукацискиот видео сервис Bontagle.com. Неговата компанија веќе има повеќе од 20 вработени (вклучувајќи програмери, дизајнери и аниматори), а иако бројот на корисници на Bontagle е прилично мал, приказната за младиот и способен претприемач брзо се шири по интернет.
Интересно е дека идејата за интернет страница за едукација ја добил затоа што не бил задоволен од образованието во своето училиште па затоа се свртел кон интернетот. “Сакав да ја искористам убавината на отворениот и бесплатен “web”, кој овозможува на луѓе како мене пристап до голем број бази на знаења а притоа не е важно каде живеете, на пример некое село во Ајдахо како мене или во Њујорк или во Африка”, рекол тој при отворањето на својата компанија.
Една од работите која му е предизвик при водењето на фирмата и вработувањето се потенцијалните кандидати за работа бидејќи сите ги прашува дали ќе им пречи да бидат дел од тимот што го води 15 годишник – некои веднаш го прекинуваат разговорот, некои лажат, што накнадно се гледа во нивното однесување, но напомнува дека е изнимно задоволен со луѓето со кои сега работи затоа што го доживуваат еднаков како и сите други вработени.
Вработените во неговата компанија сами можат да одберат дали сакаат да ги наплатуваат лекциите во минути или часови (Finman заработува 30% провизија од тоа, додека во иднина провизијата ќе се намали на 15%).
Што се однесува за плановите во иднина, тој вели дека ќе оди на факултет и дека се договорил со родителите – ако до 18 години заработи еден милион долари, нема да оди на факултет.
{loadposition content9}