Последните години забележано е ширум светот во морињата и океаните дека е се поголем бројот на медузите, феномен кој научниците го припишуваат на прекумерниот риболов и на климатските промени.
Медузите денес се присутни во сите океани и мориња без разлика на температурта на водата. На истражувачите им е тешко да го предвидат развојот на оваа глобална инвазија бидејќи не располагаат со информации за развојот во минатото.
Најпогодени се рибарите, особено оние кои ловат околу Јапонија. Медузите кои се размножуваат во тие води се изузетно големи и тешки. Мрежите каде тие упаѓаат е невозможно да се извлечат на површината. Тие исто така ја прават рибата непогодна за исхрана, бидејќи ја контаминираат со своите отрови. Се случува да доспеат и во водите за ладење на електричните централи подигнати покрај брегот, што доведува до повремени исклучувања на електричната струја.
Причината за зголемување на бројот на медузи сеуште со сигурност не е утврден. Многу експерти и понатаму се обидуваат да разберат што е причината за нивното масовно размножување. Една од хипотезите е дека тоа е последица на прекумерниот риболов и климатските промени.
Исчезнувањето на големите предатори е исто така една од причините за порастот на бројот на медузи. Имено, ајкулите, туната и желките се сметаат за главни регулатори на популацијата на медузите, а тие се се помалку присутни во морињата.
По се изгледа ништо не може да го спречи размножувањето на медузите па дури и ацидификацијата на океаните а ниту климатските промени. Тие лесно се прилагодуваат и на се поголемата концентрација на отпадоците во морињата.
Медузите се појавиле пред околу 650 милиони години, а денес ги има во неколку илјади видови.
{loadposition content9}