Новиот напреден третман, кои го открија Британците, ќе го поттикнува забот самостално да се регенирира со вбризгување на минерали од калциум и фосфат и поради тоа нема да има потреба од инекции, ниту од бушење.
Откако американските научници во мај оваа година објавија дека развиваат технологија за поправање и полнење на забот со ласер, со нов напреден третман се појавија и Британците. Го рзвиле проектот на Кингс колеџот во Лондон, а новата технологија е специфична по тоа што ќе го поттикнува забот сам да се обновува. Во постапката нема инекции и ќе биде потполно безболна.
Третманот е наречен Електрична акцелерирана и подобрена реминерализација, а ќе се вбризгуваат минерали од калциум и фосфат во оштетениот заб.
Имено, кариесот денес се поправа така што се буши дел од забот, а потоа шуплината се пополнува со матријали како амалгам или адхезија.
“Нашата метода не само што ќе биде понежна спрема пациентот туку и подобра за неговото здравје и очекуваме дека цената на чинење ќе биде слична како и досега”, изјавил професорот Nigel Pitts, и додава дека денешните методи не се идеални.
“Кога поправаме заб со пополнување, тој поминува низ циклус на бушење и повторно полнење што на крајот резултатот повторно е пропаѓање на забот”, вели професорот.
Оваа техника на реминерализација ќе може да се користи и за белеење на забите.
Компанијата Reminova Ltd ќе го комерцијализира истражувањето, а моментално се во процес на барање приватен инвеститор кој ќе ја развие оваа технологија.
{loadposition content9}