По повеќегодишни припреми од 30 јуни со работа би требало да почне со работа првата хрватска привтна авио-компанија “Dalmatian”, пренесува порталот SEEbiz.
Како што е најавено на интернет страницата на low cost превозникот, Dalmatian од 30 јуни ќе го поврзува Загреб со 12 градови: Дизелдорф, Женева, Хамбург, Ларнака, Милано, Прага, Рим, Софија, Штутгарт, Варшава и Цирих.
Во најава е уште и линијата за Виена но за оваа дестинација сеуште не може да се купи билет. Билетитите за некои од наведените дестинации можат да се купат од 29,99 евра во еден правец.
Долгорочните планови на оваа авио-компанија вклучуваат и прекуокеански летови кои обично не се дел на low cost компаниите, а во својата флота би требало да имаат дури четири различни типови на Airbus авиони.
{loadposition content9}