Skip to main content

Камена ограда ќе се подига околу Св. Софија

Камена ограда ќе се подига околу Св. Софија.

 |  Валентина Неловска  | 
sv SOfija
Sv SOfija

Започнуваат подготовките за реконструкција на некогашната ограда околу црквата Св. Софија. Каменорезците веќе на големо работат на делкање камени блокови од кои ќе се гради ѕидот. Камената ограда  ќе биде во должина од 130 метри,  висока 50 цм, а ќе биде надоградена со ковано железо. Каменот се носи од Горна Белица. Нема податоци кога е подигната првичната ограда, но била срушена некаде кон крајот на 70  години од минатиот век.

Sv Soffija

Проектот е на Завод и Музеј  и локалната самоуправа, а финасиите ги обезбедува  Македонската православна црква, ги појаснува проектните зафати Анита Пејчиноска архитект од управата.

„Работите ќе почнат по барање на Локалната самоуправа за  реконструкција на ѕидот како некогаш,  но под услов да не биде висок. Поранешниот ѕид бил од камен  и со висина 1,8 цм. Над него имало 70 цм кована ограда. Ние се согласивме таа висина да не е за да биде транспарентноста кон црквата поголема. Од источната и јужнатат страна ќе има ѕид од 50 цм , а  заедно со кованата ограда ќе е висок 1,6 цм.“
 

столпчина Контурите на поранешната ограда се видливи од источната и јужната страна, а од улицата Коста Абраш веќе постои ѕид, напоменува Пејчиноска. Најпрво ќе се гради оградата од  источната и јужната страна на црквата.

„ Од источната  страна каде што се паркираат возилата да се остави голема порта за влез на возилата од МПЦ и два странични влеза наменети за граѓаните да го користат дворот. Црквата ќе бид е отворена кон сите едноставно само ќе се обележи која е нивната парцела“, појаснува Пејчиноска .

Реконструкцијата се очекува да стартува од понеделник.  Првата фаза ќе се одвива  до почетокот на забраната за градежни зафати во стариот дел од градот, а втората фаза ќе продолжи од септември по завршувањето на туристичката сеозна.

{loadposition content9}