Резолуцијата на Google Maps и Bing Maps апликациите се зголемува. Американската влада ги укина рестрикциите по тоа прашање, а во иднина пребарувањата по тие сервиси ќе откриваат многу повеќе детали.
Досега компаниите не смееа да користат фотографии кои прикажуваат предмети и објекти помали од 50 цм, но Digital Globe, компанијата која се занимава со производство на сателитски снимки, истакнува дека може да продава снимки кои прикажуваат детали и помали од 31 цм, пренесува BBC.
Секако, таква инвазија на случувањата на Земјата од вселената веројатно ќе подигне голема прашина околу приватноста на граѓаните, со оглед на количината на детали која ќе биде достапна на пошироката јавност.
Marc Dautlich, адвокат на Pinset Masons, истакнал за BBC дека освен приватноста на граѓаните во прашање ќе дојде и националната сигурност на земјите, поради осетливите локации како војните бази. Сепак, таквите локации, овие сервиси, веќе и онака ги замаглуваат така да во иднина не се очекува тоа да се смени.
Digital Globe во август планираат да го лансираат сателитот Worldview-3, кој ќе може да прикажува објекти со величина на шахта или поштенско сандаче. Jeffrey Tarr, шефот на Digital Globe, ја поздравил одлуката на американската влада и додал дека таа одлука ќе отвори нови работни места, ќе биде поттик за нови иновации и ќе ги осигура САД во водечката улога во таа стратешка индустриска гранка.
“По прв пат нашите најдобри снимки ќе можат да станат достапни на комерцијалниот пазар”, заклучил Tarr.
{loadposition content9}