Skip to main content

Алкохолизмот ги разорува браковите на охриѓани

 Алкохолизмот ги  разорува  браковите на охриѓани.

 |  Валентина Неловска  | 
brak
brak

Невработеноста, живеењето во заедница  со родителите на едниот брачен другар, зависности од алкохолизам и наркотички средства и семејното насилство, најчести причини поради кои охриѓани се разведуваат. Годишно бројката на разводи во Охрид се движи помеѓу 58 и 60 разведени брачни заедници, информира Павлина Пероска раководител на одделението за брак и семејство при Центарот за социјални работи. Во првите шест месеци од оваа година Основниот суд Охрид до нивниот центар за социјална работа поднесол 30 барања за развод.  Најчесто како причини за развод се наведуваат непремостливите разлики меѓу брачните партнери, објаснува Пероска.
брак
„ Можам да кажам до лани економските причини беа едни од условите за  честите бракоразводни постапки, годиниве наназад бројката се движи некаде  55- 60 на годишно ниво. Оваа година имаме забележано дека најмногу разводи има заради  зависност од алкохол. За жал во пракса има многу чести случаи на развод  со над 20 години брачен стаж. Претходно заради срам од околината и заради децата го oдржувале бракот и се надевале дека ќе се подобри брачната заедница, но залудно.“

Бракоразводна постапка подеднакво поднесуваат двајцата брачни партнери. Половина од тужбите за развод на брачните сопружници се со меѓусебна спогодба, вели Пероска.

бракБрачните несогласувања може да се надминат во мировниот процес кој се одвива во Центарот за социјални работи, но тоа нема голем успех напоменува Пероска.  Искуството покажува дека годишно мировната постапка  успева само во 4-5 случаи. По разведувањето на бракот се почесто се судруваме со отпор на едниот родител за средби со децата.  


„ Наидуваме на проблеми околу видувањата  и средбите со едниот родител. Се трудиме да најдиме спогодба со брачниот партнер двајцата да се договорат  во однос на средбите за да нема негативни последици врз децата. Доколку не се најде разбирање со решение на центарот за социјални работи се одредува видување со децата“.

Во првите шест месеци од ова година ако се поднесени 30 тужби за развод, во исто време се регистрирале  194 брака.  Минатата година бројот на склучените брачни заденици  бил 457.

{loadposition content9}