Бродот на Југословенската воена морнарица “Галеб”, кој со децении беше пловечка резиденција на претседателот Јосип Броз Тито, за Риека станува скапа руина.
Во бродот, со кој Тито патувал 14 пати и посетил 18 земји во Европа, Азија и Африка, а кој градот имал намера да го претвори во музеј, од 2008 година е вложено 1 милион евра, а бродот сеуште скапува во пристаништето, наведува порталот Index.
Парите биле потрошени за преглед на бродот, на негово купување на лицитација, на годишни трошоци спрема капетанијата. Значајни средства се дадени и за разни поправки на бродот, на услуги на морнари, поморски агенции и шпедиции и.т.н.
Порталот Index потсетува и на историјатот на “Галеб” кој е изграден во 1938 година во италијанското бродоградилиште во Џенова. Во Втората светска војна Италијаните го користеле како транспортен брод, а по капитулацијата на Италија, 1943 година Германците го користеле за поставување на мини во северен Јадран.
“Галеб” во 1944 година е потопен во пристаништето во Риека од страна на сојузничките авиони, а во 1948 е извлечен, обновен, луксузно е уреден, преименуван во “Галеб” и предаден е на југословенската воена морнарица.
Тито бродот го користел од 1953 година, а последен пат патувал со него во 1979 година.
Со почеток на војната во деведесетите “Галеб” од Пула е префрлен во црногорската Бока Которска, каде останал до крајот на таа деценија. Го купил грчки бродосопственик со намера од него да направи луксузна јахта, но бидејќи грчкиот сопственик паднал во финансиски проблеми, во постапката на заплена, бродот го превзел градот Риека, каде и ден денес скапува во пристаништето.
{loadposition content9}