Десет лица загинале, а повеќе се водат како исчезнати, по силните дождови и поплави кои го погодија приморскиот град Варна, соопштија официјални лица во Бугарија.
Шефот на регионалната полиција, Николај Калчев изјавил дека вчера доцна навечер се пронајдени десет давеници. Тој не можел да го каже точниот број на исчезнати бидејќи поголем дел од овој град на брегот на Црно море е поплавен.
На фотографиите се прикажани улиците на Варна прекриени со калива вода во висина од еден метар, десетици автомобили како пловат, а спасувачките екипи се обидуваат да дојдат до загрозените.
Големи региони од Бугарија се погодени од силни дождови и град, а на стотици луѓе се останати без електрична енергија и можност за снабдување со намирници.
{loadposition content9}