Кога Patrick Pichette од Google рекол дека технолошкиот гигант наскоро, на корисниците во САД, ќе им обезбеди конекција од 10 гигабити по секунда, се чинело дека научната фантастика ќе стане стварност. Во прашање е илјада пати побрза конекција од било која денешна конекција која ја имаме дома, меѓутоа за NASA тоа и понатаму е преспоро.
И додека сите ние користиме размена на податоци по јавен интернет, вселенската агенција користи посебна мрежа која се вика ESnet – Energy Science Network.
Станува збор за приватна мрежа која успеала да отствари трансфер на податоци од едниот крај на САД на другиот со брзина од 91 гигабит по секунда – станува збор за најбрзиот трансфер кој некогаш е забележан.
NASA овие брзини нема да ги воведе во нашите домови, туку оваа супер брза технологија ќе ја користи за истражување на следниот бран компјутерски апликации.
Обидувајќи се да ја направат оваа брзина уште побрза, ESnet и истражувачите, тестираат мрежни технологии кои еден ден би можеле да се најдат во комерцијалниот интернет.
Накратко ESnet претставува прозорец во светот каков што ќе биде еден ден.
{loadposition content9}