Skip to main content

Мистериозен сопственик подигнал два билборди во Парк

 Мистериозен сопственик подигнал два билборди во  Парк.

 |  Валентина Неловска  | 
bilbord
bilbord

Два  билборди со огроми димензии од неодамна се поставени во комплексот Парк. Од општинскиот инспекторат тврдат дека тие се бесправно поставени и наскоро ќе бидат одстранети. За надлежните во инспекторатот  мистерија е кој ги поставил билбордите.

билборди„ Пред комплексот Парк општинскиот инспекторат утврди дека се поставени два огромни билборди кои се најверојатно поставени преку ноќ. Не можевме да го утврдиме сопственикот, a за таа цел инспекторатот има постапка. Доколку не може да се утврди кој е сопственик на билбордите градежниот инспектор во службен весник објавува постапка во која се бара сопственикот да се јави и доколку не се јави се носи решение за нивно одстранување. Согласно решението општинскиот инспекторат ќе го одстрани“, напоменува Николче Милески од Општинскиот инспекторат.

Во меѓувреме мистериозниот сопственик си презема зафати на билбордите. Денеска нашата камера регистрираше  работници кои поставуваа  светлечки неонки на еден од нив.                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                               

билборди

Со тоа се наментува  прашањето дали инспекторите треба да се повеќе на терен, а помалку во канцеларија за да ги откриваат прекршителите на законот доколку станува збор за нивно бесправно поставување. Од инспекторатот најавуваат дека дел од нелегалните билборди  се одстранети , а за дел се чека специјална механизација.

„ Во изминатиот период имаше опасност од билбордите да биде некој повреден. Имаме намера да се намали бројот на билборди. Со акцијата за одстранување на билбордите  на Булевар Туристичка  се покажа дека градот  поубаво изгледа без билборди“, кажува Милески.
 
По одстранување на билбордите ќе побараме од Советот да донесе одлука за поставуавње на унифицирани билборди, кажува Милески. Ќе предложиме наместо старите метални да се поставуваат само светлечки билборди без употреба на хартија која ја загадува животнатат средина и нема да бидат и опасни  по животот на пешаците, појаснува Милески.

{loadposition content9}