Кока-Кола е често на мета на критичарите поради наводно нездравите состојки на своите пијалоци, но кога станува збор за маркетингот и промоцијата, тешко дека имаат конкуренција.
Hello Happiness of Coca-Cola е името на потресната реклама, а всушност станува збор на комбинација со краток документарен филм за сиромашните работници од југоистокот на Азија кои доаѓаат во Емиратите по заработка.
Тие зборуваат дека главна желба е да овозможат колку-толку пристоен живот за своите фамилии и дека за тоа напорно работат за да овозможат школување за своите деца…
Сепак, тие не заработуваат многу. Околу 6 долари дневно и го штедат секој цент за да можат да испратат нешто дома. Но голема желба им е барем да се чујат со својата фамилија по телефон. Цената на повикот е голема препрека…една минута разговор чини 0,91 долар.
Кока-Кола затоа направила специјално дизајнирана говорница во кои жетоните ги заменуваат капачињата од Кока-Кола. Едно капаче-една минута разговор.
{loadposition content9}