Првите слики со висока резолуција кои ги направиле ESA сателитите Swarm, откриваат дека во магнетното поле кое ја штити нашата планета, неодамна се случила голема промена.
Лансирани во ноември 2013 година Swarm сателитите нудат сосем нов увид во сложеното функционирање на Земјиното магнетно поле кое не чува од “бомбардирање” од космичката радијација. Мерењата во последните шест месеци потврдуваат општ тренд на слабеење на магнетното поле, а најголемото опаѓање на неговата снага е приметено над западната хемисфера.
Меѓутоа во други делови, како јужниот Индиски океан, магнетното поле е засилено. Последните мерења потврдуваат и поместување на магнетниот север кон Сибир.
Овие промени се засновани на магнетните сили од Земјиното јадро. Во наредните месеци научниците ќе ги анализираат податоците, за да откријат и други фактори кои стојат зад промените. Тоа ќе овозможи увид во многу природни процеси – од оние кои се одвиваат во самото срце на планетата до оние кои ја придвижуваат соларната активност.
“Почетните резултати се доказ за моќта на Swarm”, вели Rune Floberghagen, менаџерот на мисијата Swarm европската вселенска агенција, а се претставени на третиот научен состанок на Swarm во Копенхаген.
{loadposition content9}