Најчудни жалби на туристи
Кол центар кој прима околу 500 повици дневно
Британската туристичка агенција Opodo објавила некои од најбизарните жалби на своите клиенти. Нивниот кол центар прма окол 500 повици во денот, а некои од нив навистина се чудни.
-Еден клиент се пожалил на песокот во Мексико тврдејќи дека во него има премногу камчиња од кои едно го оштетил нејзиниот лак на ноктите
-Патник во авион побарал нејзината мачка да добие прва класа, а не место во багажникот, бидејќи не можела да поднесе да биде раздвоена од љубимчето.
-Еден човек сакал да знае дали му е потребен пасош за неговиот љубимец питон. Тој рекол дека сака змијата да ја однесе во Амазонија за да ја запознае со нејзината фамилија.
-Откако резервирал романтичен пат до Рим, наместо да заминат за Италија побарал од компанијата да му помогне да ја врати девојката која го оставила поради негова грешка.
-Туриста кој патувал за Букурешт, ја повикал агенцијата да провери дали треба да понесе лук, света вода или крст и што е најдобро за растерување на вампири.
-Туриста ги прашал во кол центарот дали е можно да понесе во багажот печење затоа што никој не знаел да прави такво печење како неговата мајка.
-Еден пар барал враќање на парите за нивниот одмор на Малдивите, бидејќи едно попладне врнело, иако од агенцијата им било ветено дека ќе имаат сончеви денови.
-Еден корисник се претставил како кралицата и барал да добие пат до Австралија со прва класа. Одбивањето на неговото барање, како што рекол, се смета за предавство.
{loadposition content9}


