Skip to main content

Седница на ДИК

Државната изборна комисија (ДИК) денеска треба да одржи седница на која ќе бидат утврдени роковите за изборните дејствија за претседателските и локалните избори.

logo
лого
Државната изборна комисија (ДИК) денеска треба да одржи седница на која ќе бидат утврдени роковите за изборните дејствија за претседателските и локалните избори.

ДИК заседава откако во саботата претседателот на Собранието на Македонија Трајко Велјановски ги распиша изборите за претседател, за градоначалници и советници за 22 март годинава.

glasanjeДеновиве беше најавено дека ДИК ќе покрене и прекршочна постапка против одредени партии и поединци кои што влегле во кампања пред да бидат распишани изборите.

ДИК денеска треба да донесе и одлука за висината на благајничкиот максимум, да го утврди планот за вкупни потреби за набавки за годинава, како и да усвои правилник за користење на службените возила на комисијата.

 

 

 {loadposition content9}