САД се нашле на 25 место благодарение на лошите оцени кога се во прашање интернационалниот мир и безбедност.
Ирска е официјално прогласена за најдобра земја на светот поради тоа што најмногу допринела за човештвото и планетата тврди новото истражување, а пренесува Independent.
Резултатите се претставени во рамките на првиот индекс “Добра земја”, кој ги рангира земјите според 35 различни фактори на Обединетите нации, Светската банка и други интернационални институции.
Британија се најде на седмо место, но со оглед на успесите во технолошката индустрија, таа се најде на прво место на листата земји кои најмногу допринеле за науката и технологијата.
Иако Ирска е на прво место, нордиските земји се прифатени како регион кој најмногу допринел за човештвото и планетата – и така го надминале остатокот од светот.
Кенија е прогласена за најдобра во Африка и се наоѓа на 26 место на листата и е единствена земја од Африка во првите 30.
Ирак, Либија и Виетнам се на дното на листата.
За да ја направат оваа листа, научниците ја земале во предвид големината на економијата, а потоа го проценувале нејзиниот глобален допринос за науката, технологијата, културата, интернационалниот мир и безбедност, просперитетот и еднаквоста, како и здравјето и човештвото.
{loadposition content9}