Skip to main content

Ќе види ли Охрид годинава „ Бело лето“

Ќе види ли Охрид годинава „ Бело лето“.

 |  Валентина Неловска  | 
Бело лето
Бело лето

Доцни манифестацијата „Бело лето 2014 “ замислена да го означува почетокот на летната туристичка сезона. Деновите од месец јуни полека  се ситнат, а Локалната самоуправа сеуште  не ја  објавува програмата.  Минатата година за прв пат со доцнење се одржа Бело лето во месец јули. За ова лето манифестацијата беше најавувана  дека ќе почнува порано во месец јуни. Замислата на манифестацијата е да се промовираат три сегменти од туристичката понуда на Охрид,  руралниот туризам, занаетчиството и традиционални производи и алтернативните форми на туризам, привлекување туристи по примерот на повеќето светски туристички центри. Свој придонес во  „Бело лето 2014“ треба да дадат  угостителските објекти, да работат  цела ноќ со намалени цени. Хотелите и приватното сместување да ги намалат цените со цел да се овозможи масовно присуство на Манифестацијата на граѓани од Р. Македонија и соседните држави.

Охрид Од Локалната самоуправа сеуште не кажуваат детали за програмата, а угостителскиот еснаф се воздржува од официјален коментар. Угостителите не сакаат да коментираат пред објективот на камерата ама напомнеуваат дека се за соработка и не сакаат јавноста да стекне впечток дека тие се кочничари на манифестацијата. Се жалат дека нема проток на информации помеѓу нив и  организаторите. Програмата за манифетсацијата не ја добиле навреме. Се жалат дека нивните предлзои не се прифаќаат  од Локалната самоуправа. Најмногу се револтирани  од неодамнешната одлука на Локалната самоуправа авансно да им наплати  за поставување на урбаната опрема. Наведуваат дека до нив нема никаков повратен одговор од посетата на туристичкиот саем во Белград. Реагираат на новата предлог одлука за работното време на угоститеските објекти. Засега „ Бела ноќ“ је прифаќаат охридските занаетчии.

Охрид„Во манифестацијата  Бело лето ќе се вклучат 10 -15 занаетчии од различни профили. На потегот од Стара чаршија, охридското Корзо па се до Св Софија занатечиите  ќе ги намалат цените за 20 проценти,“ информира  Сашо Богоески претседател на Регионалната занаетчиска Комора на Охрид .

„Бело лето 2014“ предвидено е да се одржи  на 4 јули. Во негови рамки Локалната предвидува концерт на  градскито плоштад додека пак во ноќните часови забава во угостителските објекти кои ќе работат со продлжено работно време и со намалени цени. Локалната очекува од охридската бизнис заедница финаскики да ја поддржи манифестацијата, а за тоа одредиле цени. Генерален покровител 1000 евра , спонзор 500 евра, помагател 300 , а донатор 100 евра.  Компаниите понудата  ја добиле со задоцнување и без објаснување што добиваат за возврат на спонзорствата.  По сево ова останува да  видиме дали Охрид ќе гради урбан имиџ со летни манифестации или и понатму ќе импровизира.  


{loadposition content9}