Skip to main content

Откриено е кој го возел исчезнатиот малезиски авион

Поминаа четири месеци од исчезнувањето на MH370

 |  инфодеск  | 

По исчезнатиот малезиски авион се трага веќе четири месеци, а на површина излегоа нови информации.

Имено, австралиските официјални служби со сигурност можат да кажат дека MH370 во моментот на исчезнувањето летал на автопилот. Авионот исчезна на 8 март оваа година а во него беа 239 патници и членови на екипажот кои летаа од Куала Лумпур за Пекинг.

Во потрагата е пребарано големо подрачје на Индискиот океан, а ова најново тврдење се темели на свежата анализа на постоечките сателитски снимки.

“Уверени сме дека авионот летал на автопилот се до моментот кога останал без гориво и се срушил”, изјавил Martin Dolan, директорот на австралиската служба за безбедност во сообраќајот.

Потрагата по исчезнатиот авион на Малезија Ерлајнс, по оваа анализа, е преместена појужно од досегашното пребарување на југот на Индискиот океан.

{loadposition content9}