Осмо издание на фестивалот „Разиграно оро“
Фестивалот „Разиграно оро“ од оваа година влегува во друштвото на најреномирани фестивали во светот. И годинава од 29 јуни до 3 јули во Охрид ќе продефилираат 1000 учесници на оваа манифестација од неколку европски земји, со 15 минутно претставување на фолклорот од каде што доаѓаат.
Фолклорниот фестивал „Разиграно оро“ според бројот на учесници убедливо го држи приматот, најмасовна манифестација од овој вид во земјава. И оваа година околу 1000 играорци и музичари од неколку европски земји ќе учествуваат на осмото издание на меѓународниот фолклорен фестивал „Разиграно оро“. Зоран Симјаноски организацискиот секретар на фестивалот вели дека и годинава на 30 јуни односно понеделник ќе имаат убаво дефиле низ градот, како би можеле охриѓани и туристите кои престојуваат во градов да ги видат сите ансамбли. Додава дека наредните денови односно први и втори јули во летната бавча во ЦК „Григор Прличев“ со почеток од 17 часот ќе ги одржуваат фестивалските вечери.“
„Дефилето почнува во 16 часот со тргнување од пре хотел Гарден, одиме покрај самиот брег тоа што е најинтересно и што остава најголем впечаток на самиот фестивал ќе одиме по нашата чаршија каде што сите ќе можат да ги видат ќе се задржиме на кратко на плоштадот „Крушевска Република“ и во истиот правец се враќаме назад и одиме во летната бавча каде што ќе имаме свечено отварање годинава на отворањето ќе учествува заменик градоначалникот на град Охрид значи сепак држиме некое ниво за да и наредната година имаме повеќе групи“ – вели Симјаноски.
Организатор на фестивалот е ансамблот за народни песни и игри „Филиграни“ од Охрид, со поддршка од охридската Локална самоуправа. Симјаноски нагласи дека фестивалот „Разиграно оро“ е од големо значење за градот.
„Овој фестивал значи многу за градот, затоа што ако 1000 учесници доаѓаат во градот и останат 4 дена на градот му даваат 4000 ноќевања, што мислам дека е добра цифра народот има штода види, посебно би ги нагласил професионаланта група од Русија која ни доаѓа, тие се Козаците, добро е да присуствуваат, за нас е успех што веќе секоја година цифрата од 1000 учесници не можеме да ја спуштиме“ – изјави Симјаноски.
Покрај фолклорната група од Русија учество на фестивалот ќе земат и групи од Полска, Бугарија, Србија, Црна Гора и Македонија. Инаку организаторот, односно од ансамблот „Филиграни“ информираат дека нивниот состав точно пред 10 дена се вратил од Чешка каде што учествувал на Меѓународниот светски фестивал во Плзен, и се здобил со Сертификат од ЦИОФ со кој, од годинава,фестивалот „Разиграно оро“, влегува во друштвото на најреномирани фестивали во светот.
{loadposition content9}