Не е толку едноставно да се прекине со Facebook
Го мразат Facebook, но не можат да престанат да го користат

Иако многу се зборува дека младите го напуштаат Facebook бидејќи оваа мрежа не била повеќе “cool”, последното истражување покажало дека младите навистина не ја сакаат повеќе оваа мрежа, но и дека понатаму масовно ја користат.
Причините кои влијаат на ова размислување кај младите е се поголемото присуството на нивните родители, професори, дедовци, баби и други роднини, па така се префрлуваат на мрежите како Instagram, Tumblr и други.
Сепак, резултатите на новото истражување која го спровела компанијата Forrester Research, а ја објавил Huffington Post, покажале дека дел од младите го мразат Facebook но не можат да престанат да го користат, и дека половина од испитаниците го користат повеќе отколку минатата година.
Facebook денес стана повеќе од социјална мрежа – место каде можете да ги следите вашите пријатели што прават, да се допишувате, да следите вести и секако алат за самопромоција, на кој корисниците можат да се пофалат пред пријателите, така што и не е толку едноставно да ја прекинете врската со оваа мрежа.
Наместо по бројот на тинејџери кои го користат Facebook, новинарите од Huffington Post се осврнуваат на фактот дека можеби е време оваа мрежа да ја поврзуваме со растечкиот број на се поважната демографска група – родителите.
Имено, токму тие се многу важни за Facebook и на бројните компании кои се огласуваат на таа мрежа, бидејќи токму тие се најчесто оние кои трошат пари на производите кои се огласуваат.
{loadposition content9}




