На пристаништето поставен споменикот Фаќач на крст
На пристаништето поставен споменикот Фаќач на крст.
Споменикот Фаќач на крст осамна на пристаништето. Скулптурата е висока 3 метри и 10 см, излеана во бронза и поставена на мермерен постамент висок 2 метри.
На едната страна во мермерот е исклесана песната Војордание, а на другата е Исус Христос опкружен со неговите Апостоли. Споменикот за Водици- Фаќач на крст, го изработи скулпторот Ангел Коруновски.
Спомен обележјето за празникот Богојавление – Водици е донација од кумот на манифестацијата „ Водици 2012“, сопственикот на градежната компанија „Адора Инженеринг“, проф. д- р Ванчо Чифлиганец.
Идејата на донаторот е покрај тоа што ќе биде верско, духовно обележје, споменикот да претставува и туристичка атракција.
Свеченото откривање на споменикот ќе се одржи во сабота, 5ти јули.
{loadposition content9}