Skip to main content

Временското ограничување за скутерите стартува од денес

Временското ограничување на пловидбата на скутери во Охридското Езеро стапува на сила денеска.

 |  Голабовски Крсте  | 
skuter
скутер

 

skuterВременското ограничување на пловидбата на скутери во Охридското Езеро стапува на сила денеска. Во текот на денот, во периодот од 11 до 19 часот, скутерите нема да можат да сообраќаат по езерото зашто тогаш е најголема фрекфенцијата на капачи.

Капетан Горан Устијаноски вели дека колку што е во нивна можност ќе дејствуваат едукативно и  превентивно, но апелира управувачите на пловилата строго да се придржуваат до законите прописи, а доколку не се почитуваат од страна на инспекторите ќе следува забрана за пловидба, дециден е првиот капетан во Капетанијата на пристаништа на Република Македонија Горан Устијаноски. Одлуката за ограничено движење на скутерите ќе биде на сила до први септември годинава.

Чамците, пак, не смеат да пловат по езерските води од 21 до 05 часот. За непочитување на одлуката предвидена е глоба од 800 евра.

{loadposition content9}