Продолжува акцијата „Се грижиме за топол дом“
Машини за перење, фрижидери, велосипеди и слично им се најпотребни на граѓаните од ранливата категорија од Охрид. Сеуште е во тек акцијата на Министерството за труд и социјална политика „Се грижиме за топол дом“.
Со цел задоволување на потребите на граѓаните од земјава на кои им е потребна помош од покуќнина, мебел, бела техника, апарати за домаќинство, опрема за деца, велосипеди и др, МТСП продолжува со акцијата „Се грижиме за топол дом“. Првиот човек на Регионалниот Центар за Социјални работи Екрем Каљоши, вели дека Министерството преку имплементирање на социјалните политики континуирано оди во насока да се намали социјалниот ризик кај корисниците во државата, а во исто време да превенира од евентуален ризик на социјално исклучување кај загрозените категории.
„Првенствено целта, акцијата е да овозможи топол дом на секој граѓанин на Р Македонија, односно целта ни е континуирано задоволување на потребите на сите оние граѓани на кои им е потреба помош од покуќнина. Исто така не помалку битна цел со која што сакаме да ја постигнеме со оваа акција е да ја поттикнеме хуманоста на граѓаните и да ја подигнеме свеста дека треба да помагаме“ – вели директорот.
Каљоши потсети какви активности презема МТСП како носител на проектот, а се во функција на успешна реализација на акцијата. Во таа насока отворена била бесплатна телефонска линија 0800 55 800 во рамките на кол Центарот, а била креирана и посебна е-маил адреса donacija@mtsp.gov.mk за пријава на потребни донации за сите заинтересирани граѓани.
„Постапката откога ќе се пријават донациите односно донаторот откога ќе се пријави тогаш екипа на Центарот за социјална работа во соработка со Црвениот Крст заеднички излегуваат на терен, ќе ја утврдат состојбата на доинацијата и доколку истата може да биде употребена и се предава на лицата но кои име потребна. Пријавата на донацијата и потребата од донација се впишува во посебен регистар и системот на распределба оди „Прв пријавен, прв услужен“ – нагласи Каљоши.
Хуманоста на охриѓани е на задоволително ниво и во изминатиот период само во Охрид биле реализирани 50 донации, се пофали директорот на ЦСР. Но тој упати апел кон приватниот сектор за негова поголема вклученост во акцијата „Се грижиме за топол дом“.
„Во насока на вклучување на приватниот сектор во акцијата, Министерствот се обрати до компании кои што произведуват ствари за да се вклучат. Сметам дека засега приличен е бројот на приватни компании кои што се вклучени во овој проект, очекуваме да се вклучат и Охридски фирми, досега не сме имале таква вклученост“ – изјави Каљоши.
Каљоши рече дека задоволство е да се гледа среќата на лицата кои добиваат донација, но и на оние кои ја даваат истата. Тој изрази голема благодарност до нашиот медиум што преку ваквите прилози во информативниот блок даваме посебна поддршка на проектот, а со самото тоа и вклучување во истиот.
{loadposition content9}