Skip to main content

Тешка кражба на „Дејан Војвода“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од село Лакочереј, за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „тешка телесна повреда“.

 |  Голабовски Крсте  | 
krazba
кражба

krazbaСВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од село Лакочереј, за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „тешка телесна повреда“.

На 17- ти јуни, околу 22.40 часот, на улица „Дејан Војвода“, во Охрид, првопријавениот со влечење и ја истргнал чантата на 57- годишна жена од Словенија во која имало мобилен телефон, пари и лични документи, додека второпријавениот го задржувал лицето кое се движело заедно со жената.

При влечењето, жената при пад на земја се здобила со тешки телесни повреди во пределот на десната надлактица, по што и е укажана лекарска помош во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“.

{loadposition content9}