Најочигледната разлика помеѓу мини верзијата и неговиот постар брат е во 4,5 инчниот екран. Имено, стандардниот Ѕ5 има екран од 5,1 инч.
Технолошкиот гигант Samsung ја најави помалата верзија на смарт телефонот Galaxy S5. Компактниот модел на Samsung најпрвин ќе се појави во Русија овој месец, а потоа и на останатите светски пазари.
Процесорот е послаб – 1,4 GHz наспроти 2,5 GHz, додека камерата доаѓа со 8 мегапиксели, половина помалку од поголемиот модел. Меѓутоа, многу од останатите карактеристики од Galaxy S5 ќе се појават и кај мини верзијата, вклучувајќи го и сензорот за отчукувањата на срцето и читачот на прстите.
Уредот работи на Android KitKat, а ќе биде достапен во четири бои и тоа црна, бела, сина и бакарно златна. Информациите за цената сеуште не се познати.
{loadposition content9}