Карневалски ден во Вевчани
Традиционалниот Вевчански карневал на кој маскираните учесници ги отсликуваат актуелните настани и ги карикираат аномалиите на секојдневниот живот се одржува денеска.
карневал
Традиционалниот Вевчански карневал на кој маскираните учесници ги отсликуваат актуелните настани и ги карикираат аномалиите на секојдневниот живот се одржува денеска
Вевчанскиот карневал, според традицијата беше отворен вчера во пресрет на Нова година според стариот календар и на празникот Василица.
Карневалот, кој е еден од најголемите и најуникатните културни знаменитости на Македонија според своите специфични особини се одвојува од останатите во светот поради неговата архаичност, традиционалност, таинственост и уникатни маски.
Меѓу гостите од странство се и шеесетина млади луѓе од осум европски земји (Италија, Португалија, Бугарија, Литванија, Полска , Романија, Турција, Србија), кои денеска учествуваат на карневалот и ќе го прослават почетокот на Новата Година.
За време на карневалот, маскираните ја имаат сета слобода и занес во „поставување на светот наопаку“, слобода во која до израз доаѓа креативноста и духот, смислата за импровизација, критика и иронизирање.

{loadposition content9}