Хаварисаните возила, камп приколки и киосци да се тргнат од улиците
Кој треба да се грижи за хаварисаните возила, камп приколки, киосци идруги руинирани објекти кои ја нагрдуваат сликата на градот? Согласно Законот за јавна чистота и одлуката за комунален ред, општинскиот комунален инспекторат е задолжен да ги санкционира сопствениците на ваквите објекти кои не водат грижа за нив. Но од таму недостапни за одговор за оваа проблематика.
Хаварисани возила, стари камп приколки, киосци, кајчиња, претставуваат грд декор во дворното место на неколку приватни локации во Охрид. Станува збор за објекти за кои години наназад никој нема преземено никакви мерки за нивно отстранување. Согласно Законот за јавна чистота и одлуката за комунален ред, општинскиот комунален инспекторат е задолжен да ги санкционира сопствениците на ваквите објекти кои не водат грижа за нив.
Обраснати со трева, искршени, оставени на забот на времето, а некои од нив претставуваат и извор на зараза и собиралиште на змии и други штетници. За жал, ваквите објекти се грда слика за градот, посебно за време на туристичката сезона кога впечатокот на гостите треба да биде одличен. Од општинскиот комунален инспекторат со денови недостапни за одговор околу овој проблем.
Пред се, во интерес на јавноста, во неколку наврати протоколарно се обративме до лицето за односи со јавност при Локалната самоуправа. Укажавме за овој проблем, за кој што, од таму ни ветија дека ќе ни обезбедат изјава од Николче Милески од општинскиот инспекторт. Меѓутоа, неколку денови Милески со разни изговори поради зафатеност заради негови приватни обврски, не беше во можност да и објасни на јавноста кои се мерките кои законски треба инспекторатот да ги презеде за отстранување на камп приколките, хаварисаните возила, киосците и средување на просторот. Милески и денес не одговори на телефонските повици. Веруваме дека сепак од општинскиот комунален инспекторат после ова укажување ќе излезат со бараната информација, бидејќи сепак се работи за интерес на јавноста и градот.
{loadposition content9}