ЗРСК „Св Стефан“ го даде и првиот државен репрезентативец
Илија Рупев си обезбеди место во државната репрезентација во спортски риболов за кадети. Изминатиов викенд на реката Црн Дрим во Струга се одржа Државното првенство во спортски риболов во дисциплината пливка за најмладите натпреварувачи во оваа дисциплина, кадети и јуниори.
Деновиве Струга беше домаќин на Државното првенство во спортски риболов во дисциплината пливка за најмладите натпреварувачи, кадети (деца до 14 години) и јуниори ( од 15 до 19 годишна возраст). На натпреварот учествуваа вкупно 10 екипи од 7 риболовни здруженија од 6 градови од Р.Македонија.
Учество зедоа и кадетската и јуниорската екипа на Здружението риболовци Св Стефан од Охрид. Илија Рупев беше најдобриот поединец кој го освои петтото место во својата конкуренција со што и обезбеди место во македонската репрезентација во категоријата кадети.
Државното првенство се одржува според програмата од Европските и Светските првенства во оваа дисциплина.
„Ние сме едни од ретките здруженија во спортски риболов во Р. Македонија кои вложуваат во најмладите категории, се со цел охридскиот спортски риболов да има своја иднина. Ние сме единствената спортска екипа на ова државно првенство која беше во првите три места во категоријата кадети и јуниори. Задоволни сме што за краток период добивме државен репрезентативец, а најдобрите за оваа година ќе бидат и парично наградени“ – изјави Танас Танасоски претседателот на ЗРСК Св Стефан.
Екипите на Здружението на риболовци Св. Стефан од Охрид постигнаа одличен резултат. Кадетите го освоија 2 место екипно, а најдобар поединец беше Илија Рупев. Јуниорската екипа го освои 3 место екипно, а најдобар поединец беше Адриан Тасески, кој се пласира на шестото место.
И оваа година Здружението ќе ги организира летните школи за спортски риболов во најмладите категории кои ќе отпочнат со работа наредната недела.
{loadposition content9}