Охрид воведува ред во урбаната опрема со електронски систем
Електронски систем за конечно воведување ред во поставувањето на урбаната опрема.
Електронски систем за конечно воведување ред во поставувањето на урбаната опрема. Локалната самоуправа на Охрид наскоро ќе воведе електронски систем за следење на договорите за поставување на урбана опрема.
Како што информираат од таму целта е да се избегне пречекорување на договорот и со тоа да се врши узурпација на јавна површина или злоупотреба на приватен имот без да бидат подмирени обврските кон градот.
Новиот електронски систем треба да ги алармира надлежните 15 дена пред да истече рокот, а тие го известуваат корисникот на урбана опрема дека има уште 15 дена да го обнови договорот и да ги подмири обврските кон Локалната, за да може да продолжи со работа на поставената урбана опрема.
{loadposition content9}