На Долни Сарај бесплатен паркинг за мештаните и туристите
На Долни Сарај бесплатен паркинг за мештаните и туристите.
Дваесетина паркинг места се добиени со проширувањето на просторот кај Долни Сарај. Со овој зафат се обезбедени дополнителен број на паркинг места.Првичната најава на локланата беше дека ови емет аќе бидат наменeти за варошани кои нема каде да ги паркираат автомоболите по одлуката МПЦ да го огради дворнот место околу
катедралната црква Св. Софија. Лошата вест е што нема да се исполни првичното ветување на локалната дека овие паркинг места ќе бидат обележани и жителите ќе добијат предност за паркирање.
Во меѓувреме од Локалната самоуправа ретерираа, го промрнија ставот па кажуваат дека на новиот паркинг плац ќе може да паркираат сите жители од стар град, а не само засегнатите околу Св Софија. Добарата вест е што сепак варошани ќе имаат поволности.
Од Локалната самоуправа информираат дека нема да наплаќаат за паркингот. Жителите ќе може ова паркиралиште и неколкуте останати во стариот град да ги користат безплатно. Покрај варошани ќе паркираат и туристите сместени во стариот дел на Охрид.
Оваа поволност за мештаните ќе се овозможи во секој дел од денот додека туристите во периодот слободен за влез во истиот. Со жителите од овој дел од Охрид не се потпишани договори за користење на паркинзите бидејќи летниот режим на сообраќај овозможува само тие да влегуваат и излегуваат од стариот дел на Охрид во екот на сеозната. Со тоа се исклучува можноста да паркира некој кој не живее или не е сместен во стариот дел од градот. Жителите за таа цел ќе мора да набавaт пропусници за влез .
И оваа година нив ќе ги издава секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при oпштина Охрид.
{loadposition content9}