Летото има свои непријатни страни, а една од нив се неподносливите комарци. Во случај да ве каснат комарци користете некои од следните домашни, природни лекови за да ја намалите болката и чешањето.
Коцки мраз
Користењето на коцки мраз или кеси од замрзнато овошје може да биде изненадувачки добар лек против каснување од комарец. Мразот привремено ќе го умртви проблематичното подрачје и ќе помогне во контролирањето на отокот. Коцките мраз свиткајте ги во крпа и нежно притиснете на местото се додека можете да го истрпите ладното.
Кесичка чај
Природните соединенија во чајот делуваат како адстригент и ги извлекува токсините од кожата и помага во намалување на непријатното чувство. Притиснете ја искористената кесичка чај на болното место и држете додека чешањето не попушти.
Паста од сода бикарбона
Измешајте сода бикарбона со малку вода за да добиете паста и нанесете ја на болното место. Таа ќе ги намали болката и чешањето. Почекајте пастата да се исуши и по неколку минути измијте го местото со чиста вода.
Јаболков оцет
Јаболковиот оцет може да помогне да се избалансира Ph вредноста на кожата, а со самото тоа да се намали болката и чешањето. Нанесете го јаболковиот оцет со помош на газа, а можете да го ставите во купка при капење.
{loadposition content9}