Skip to main content

Општина Охрид ги ревреднува имотите на граѓаните и фирмите

Општина Охрид ги  ревреднува имотите на граѓаните и фирмите.

 |  Валентина Неловска  | 
Ohrid
Ohrid

 

 

Голем број охриѓани реагираат на повисоки сметки за годишен данок на имот. ОхридГраѓаните се чудат на што се должи зголемувањето на давачката.  Ставката на данок на имот е непроменета и изнесува 0,3 посто од вкупната вредност на имотот. Одговор побаравме од  одделението за даноци при Локалната самоуправа. 

И покрај нашето инсистирање на директна средба со надлежен од одделението кој би ги објаснил причините за зголемувањето на сумите на данокот на имот, не добивме можност, како што рекоа, заради презафатеност. Добивме штуро писмено објаснение во кое се наведува дека Локалната самоуправа  во моментов  врши процес на ревреднување на имотот на целата териотрија на општина Охрид.

Од одделението за даноци посочуваат дека се става крај на честата појава кога граѓаните пријавувале помалку имот, а ги прикривале и  доградбите. Проценките на имотот повеќе не ги прават сопствениците туку овластена општинска комисија. 

ОхридСо оглед на тоа што во општина Охрид има голем број дивоградби,  граѓаните не го  пријавувале реално имотот или пријавувале минимално. Општината сега очекува зголемување на приходите од данок на имот по овој основ. Со Законот за легализација на дивоградбите во општинскиот буџет сега ќе влезат и повеќе пари од нелегалните градби за кои досега сопствениците не  плаќале данок на имот.

Одделението за даноци според законот било обврзано да заврши со  ревреднување на имотот до 30 јуни.
 Од октомври мината година до крај на месец  јуни се ревреднувани  358 згради, 11 049 станови, 376 деловни простори и 304 гаражи, се наведува во штурото писмено известување од одделениeто за јавни односи при Локалната самоуправа.

{loadposition content9}