Учителка избодена со нож, од мајка на една од ученичките, е настанот кој ја згрози цела Франција, и францускиот претседател Francoisa Holland, а се случил пред целото одделение во училиште во градот Albi во Франција.
34 годишната учителка, Fabienne Calmes од добиените повреди починала пред очите на учениците кои имале само 5 до 6 години. Мајката убиец, чиј идентитет не е откриен, упаднала во училницата во моментот кога ѕвончето означило крај на часот. Другите наставници во училиштето ги слушнале криците на шокираните деца, но кога дошле во училницата, несреќната учителка веќе лежела во локва крв, пишува Daily Mirror.
Зошто мајката на ученичката, која дошла во тоа училиште пред еден месец, ја нападнала учителката со нож, ќе утврди полициската истрага. Не е познато дали ќерката на жената-убиец била присутна на немилиот настан.
Еден извор во локалната полиција открил дека 47 годишната жена-убиец имала досие поради злоставување и занемарување на деца и сериозни психички проблеми. По убиството таа успеала да го напушти училиштето, но уапсена е во својот дом по 20 минути.
{loadposition content9}