Неколку минути по полетувањето, двомоторниот авион полн со падобранци, се срушил и се запалил во овоштарник во селото Topolow во Полска. При тоа загинале 11 лица, а едно е повредено и се наоѓа во болница, јавува Guardian.
Портпаролот на противпожарната служба Pawel Fratczak, потврдил дека на земја никој не е повреден. Тој додава дека пожарникарите при доаѓањето на лице место пронашле две лица мртви и едно повредено. Од брзата помош, кои исто така биле набрзо на местото на падот на авионот, во трупот од авионот пронашле деветмина мртви.
Авионот е во сопственост на приватно училиште за падобранци на аеродромот Rudniki. Причината за несреќата се истражува, но има сомнение дека во авионот имало премногу патници.
{loadposition content9}