IKEA стана најголем светски трговски ланец за мебел терајќи ги луѓето да се возат до хипермаркети на перифериите од големите градови.
Меѓутоа, жителите на Хамбург се првите купци кои ќе можат едноставно да влезат во продавница на IKEA која се наоѓа во бизнис центарот на тој град.
Шведскиот трговски ланец својата градска продавница ја отворил во квартот Алтон, најзападниот од седумте квартови на Хамбург. Отворањето на овој простор, IKEA ја чинело 80 милиони евра и всушност претставува експеримент.
“Тоа е многу скап експеримент, но нас не интересира дали овој концепт поминува во градовите. Алтона би можел да биде модел за поголеми градови како Берлин”, изјавил менаџерот на IKEA за Германија.
Овој потфат всушност е дел од еден поширок тренд на враќање на трговските центри во градот. Одлуката да се сместат во Алтон е донесена додека IKEA барала трет простор во Хамбург. Локалните власти го понудиле овој простор кој пред тоа бил напуштен повеќе од шест години.
{loadposition content9}