Skip to main content

53-от Балкански фестивал на реновираната сцена на Долни Сарај

Оваа најстара фолклорна манифестација на Балканот годинава за прв пат се одржува на реконструираната сцена на Долни Сарај.

 |  Мишел Наумоски  | 
Balkanski
Балкански

Најстарата фолклорна манифестација на Балканот, Балканскиот фестивал на народни песни и игри вчеравечер го започна своето 53то издание. Оваа значајна фолклорна манифестација годинава за прв пат се одржува на реконструираната сцена на Долни Сарај. Фестивалот за отворен го прогласи претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Велјаноски. Тој рече дека оваа значајна културна манифестација од година во година станува се поголема и позначајна.

53to izdanie Balkanski„На отпочнувањето на 53то издание на оваа значајна културна манифестација, дозволете ми да изразам благодарност до организаторите на манифестацијата, НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид која со помош на Министерството за култура ги промовира македонските културни вредности и го презентира македонскиот фолклор, но воедно ја промовира и македонската гостопримливост и отвореност кон сите кои ги негуваат овие трајни вредности.“-вели претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Велјаноски.

Добредојде на ансамблите од Македонија, Грција, Турција, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Бугарија и Австралија, Израел и Полска им посака и првиот човек на градов, градоначалникот Никола Бакрачески.

Tanec Balkanski festival„Охрид деновиве ќе сјае во колоритот на носиите и ќе ве разгалува со играта и песната на многу народи во која основа лежи филклорот како темел, еден од позначајните темели на специфичните култури и национални идентитети. Тоа е амбиент во кој се растреперуваат срцата и кој ги буди сите човекови сетила, амбиент кој што обединува и амбиент кој ја тангира општоцивилизациската придобивка на создавање на единство на различностите.“-рече градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Колоритниот времеплов на отворањето на 53то издание на Балканскиот фестивал го започна нашиот најреномиран ансамбл за песни и игри „Танец“ кој со својот концерт го означи за отворено годинешното издание на фестивалот.

Покрај Танец, на отворањето на фестивалот настапи и ансамблот “Неврокопски” од Гоце Делчев– Бугарија што со оглед на должината на целокупната манифестација можеби и не беше по вкусот на присутната публика. Инаку ова 53то издание на Балканскиот фестивал ќе трае до 11ти јули кога е свеченото затворање.

{loadposition content9}