Инспекторите ги контролираа угостителските објекти и плажите во Охрид
Инспекторите ги контролираа угостителските објекти и плажите во Охрид
Инспекторите во акција ги контролираа угостителските објекти и плажите на охридското крајбрежје. Оваа акција беше најавена уште во петокот кога претставници од Локалната самоуправа имаа средба со угостителите и концеисонерите на плажите.
Така денес во центарот на Охрид се проверуваше фактичката состојба со поставената урбана опрема предвидената според елаборатите. Само сопствениците кои уплатиле средства во буџетот на Локалната самоуправа и ја подмириле давачката според одлуката на совет може да поставуваат опрема.
Исто така, се контролираа и плажите на крајбрежјето. Се проверуваше дали се почитуваат обврските кои произлегуваат од договорите, како на пример 60 % од плажата да се слободна површина на која посетителите може да дојдат и да си поставуваат свои реквизити, без притоа, никој да ги вознемирува и да им нуди некакви услуги.
Според најавите од Локалната за оние кои не се придржуваат кон обврските ќе следат казни или активирање на банкарските гаранции од 1 милион денари кои ги имаат дадено.
{loadposition content9}