Skip to main content

Вевчани под маска

Со звукот на тапанот и зурлата на двете групи, „Долно“ и „Горно“ маало, започна василичарскиот вевчански карневал.

 |  Билјана Колоска  | 
parola
парола
Со звукот на тапанот и зурлата на двете групи, „Долно“ и „Горно“ маало, започна василичарскиот вевчански карневал.

maskenbalОд најмало  до најстаро денеска во Вевчани беа под маска. Преку неа василичарите го покажуваа своето второ лице, и секој ги искажа  сопствените  мисли, чувства и желби. Се толкуваа политичките настани кај нас и во светот. На дефилето не изостана и сатиричното видување на спорот за името со Грција. Традициолно,први на маскенбалот продефилираа Глупавиот Август како и Зетот и Невеста од двете вевчански маала.

maskenbalИако василичарите се исмеваа на случувањата во државава како и на одредени политичари, сепак тоа се прави на специфичен начин,  кој воопшто не предизвикува реакции кај сите нас, вели министерот за култура. Вевчанскиот карневал важи за една од најголемите манифестации во државава, и преку него   се афирмираат  етнолошките моменти од нашата култура, додаде таа.

maskenbalПокрај првиот човек на културата, Вевчанскиот карневал со своето  присуство го удостоиа и повеќе политичари како и претставници на дипломатскиот кор. Но за разлика од минатите години, сега очигледно беше дека бројот на посетители е многу помал.

maskenbalВевчанскиот карневал бил и ќе остане гордост на нашава земја, вели првиот човек на општината. Василичарите знаат со малку работи да пренесат големи пораки ширум целиот свет, всушност тоа е и јавната тајна на овој карневал, додаде Радиноски.
 

 

 

 

 

 

{loadposition content9}