Две плажи на охридскиот брег ќе останат без концесионер
Две плажи на охридскиот брег ќе останат без концесионер.
Две плажи на охридското крајбрежје ќе ги загубат концесиите. Во вчерашната контрола 2-ца инспектори направиле увид на 10 плажи. Концеионер на една од плажите немал уплатено закуп за 2014 година, додека другите две не ги испочитувале законските обдредби, информира Николче Милески од Општинскиот инспекторат.
„ Кај 3 од 10 плажи беа утврдени неправилности.Една од плажите веднаш по сугестиите на инспекторите ги одстрани неправилностите . Другата плажа не го почитуваше договорот со обезбедување на слободен простор од 40 посто за капачите и имаше поставено урбана опрема на целата плажа “, кажа Милески.
Инспекотрите наложиле и одстранување на времени објекти во населбата Св. Стефан. Биле одстранети неколку објекти за продажба на сендвичи и дуќанчиња за колнијал и бижутерија.
„ Истите се наоѓаа на приватен имот. На барање на сопствениците се одстранети објектите, кои со процесот на денационализација си го вратиле имотот во сопственост“,напоменува Милески.
По изготвените записници, како што дознаваме од одделението за односи со јавност, Локалната самоуправа ќе го раскине договорт со двајца концесионри на плажите и ќе ја активира нивната банкарска гаранција од 1 милион денари.
{loadposition content9}