Пријателство преку музика
Членовите на Пријателство преку музика – Македонија и Норвешка утревечер ќе одржат Музички отворен настан – Концерт на дувачки состави од Македонија и Норвешка на плоштадот кај хотелот „Александрија“.
Членовите на Пријателство преку музика – Македонија и Норвешка утревечер ќе одржат Музички отворен настан – Концерт на дувачки состави од Македонија и Норвешка на плоштадот кај хотелот „Александрија“.
На концертот кој ќе се одржи во 20 часот ќе настапат ученици од Државното средно музичко училиште од струга , Христијан Донески на саксофон и Даниел Танески на кларинет и двајцата од Охрид.
FTM или Пријателство преку музика дејствува за да изгради интеркултурно пријателство и разбирање преку музика. Преку заедничка почит и пријателство, FTM поддржува и стимулира музички развој. FTM е основан во мај 2011 за да воспостави и развие проекти помеѓу професори, музички работници, студенти и пријатели. Од 2005 г. реализира низа проекти, посебно преку летните месеци. Во 2011 г. FTM го основаше и Музичкиот центар и школо за дувачки инструменти во Шутка за деца од Шуто Оризари. Сисел Грондал композитор, професор и основач на FTM е чест гостин на професори по музика во Средното музичко учишиште Илија Николовски Луј во Скопје, каде подучува за хорна, камерна музика и интонација. FTM развива и соработка помеѓу професори и студенти со поттик на заедничко работење, развој на пријателство и заедничко музицирање и свирење.
Визијата на Пријателство преку музика е: младите од Македонија и Норвешка да свират заедно, да градат пријателство и разбирање; да се допринесе за развој и поддршка како и да се стимулира почит преку пријателство.
Вредности кои ги развива FTM: почит, слушање, отворена комуникација и културна сензитивност за различностите, меѓусебна почит, транспарентност во финансиското работење, развој на квалитет, професионална подготовка за изведба и продукција, пријателство,
Сонот на FTM e: Заедно сме посилни и повидливи. Заедно можеме да креираме промени за подобро. Заедно можеме на децата да им понудиме вредности. Заедно можеме да креираме разбирање и почит. Заедно можеме да го зајакнеме нашиот идентитет и нашите посебности.
Заедно можеме кон развој, креативност и иновација. Заедно остваруваме удобност и радост. Заедно можеме да покажеме дека може да живееме во мир и да покажеме дека може да живееме во мир и да ја изградуваме државата. Заедно – го гради пријателството.
{loadposition content9}