Додека пазарот на скапите модели станува се позаситен, Samsung нема желба да води битка со ефтината конкуренција.
Samsung вчера ги објави своите квартални резултати, кои испаднаа далеку полоши од очекувањата. Оперативната добивка во минатото тромесечие изнесувала 7,1 милијарди долари, што е пад за 24% на годишно ниво, додека приходите ослабеле за 10%.
Што се случува во Samsung?
Како што пишува Business Insider, компанијата се мачи со превземањето на пазарите од Apple, додека истовремено целиот пазар на смартфони се заситува. Притоа, големата конкуренција на јужнокорејскиот гигант ја сочинуваат мобилните телефони од ниска и средна класа, каква што продаваат кинеските производители. Тие уреди се осетно поефтини, но помалку или повеќе ги прават истите работи како и скапите модели на Samsung.
Кога би влегле во борба со поефтината конкуренција, би се соочиле со многу компании кои за 100 долари продаваат мобилни телефони слични на моделите на Samsung чија цена се движи околу 500 долари.
Секако изгледот и перфомансите се различни работи, но како што пишува Business Insider, поефтините модели работат сосема добро изземајќи ја камерата која има недостатоци.
Но, во Samsung гледаат оптимистички на резултатите во третото тромесечие, каде се очекува лансирање на нови модели на смартфони. Аналитичарите притоа прогнозираат благ раст во наредниот квартал кога се очекува да излезе новиот модел на Galaxy Note 4. Сепак, се смета дека Samsung тешко ќе го фати чекорот, бидејќи Apple наскоро го припрема новиот iPhone што уште повеќе ќе ја заостри конкурентската битка на ионака преоптеретениот пазар.
{loadposition content9}