Skip to main content

Отпис на долговите за три категории социјалци

Отпис на долговите за три категории социјалци.

 |  Валентина Неловска  | 
мтсп
мтсп

Владата започна со образложение  за  законското решение за отпис на долговите  на социјалците. Денес министерот за финансии Зоран Ставрески пред собраниска комисија за финансии и буџет образложено решението за  отпис на долговите  на социјалците.  Со еднократен отпис за направените долгови ќе бидат опфатени три најранливи категории граѓани, корисници на социјална помош и постојана парична помош, невработени лица кои активно бараат работа подолго од 12 месеци и лицата кои се изложени на социјален ризик поради смрт на брачен другар или инвалидност или потешка болест настанати во последните пет години.

мтсп

Отпис ќе се однесува за потрошена електрична енергија, топлинска енергија, за кредитни картички, пречекорувања на трансакциски сметки и потрошувачки кредити класифицирани во категорија Г и Д од страна на банките, а кои не се обезбедени, како и за радио дифузна такса направени до 31 декември 2013 година.

„Првичните проценки се дека со ова решение ќе бидат опфатени меѓу 50.000 и 100.000 граѓани. Меѓутоа, конечните податоци за вкупниот број граѓани и износот кој ќе биде отпишан ќе зависи  колку граѓани ќе се пријават и колку од нив ќе ги исполнат условите“, најави  Ставрески пред собраниската Комисија.

 


мтсп

Според министерот, ова е еднократно решение, кое е одговор на последиците од кризата врз најранливите категории граѓани кое нема во иднина да се повтори. Барањата за отпис на долговите граѓаните ќе ги поднесуваат во центрите за социјална работа во местото на живеење во рок од 30 дена од објавување на владиниот повик.
За прифаќање на барањето ќе одлучува посебна комисија формирана од министерот за труд и социјална политика.

 

{loadposition content9}